Фото: FPF

Жорже Жезус официјално е нов селектор на Португалија

Португалската фудбалска федерација денеска објави дека искусниот стручњак Жорже Жезус е новиот селектор на репрезентацијата и наследник на Шпанецот Роберто Мартинез.

– Денес започнува ново поглавје. Добредојде во репрезентацијата, Жорже Жезус – објави Федерацијата на социјалните мрежи.

71-годишниот тренер доаѓа на клупата на Португалија по сезоната помината во Ал Наср од Саудиска Арабија, со кого ја освои шампионската титула. Во тој клуб работеше со Кристијано Роналдо и Жоао Феликс.

За време на својата богата тренерска кариера, Жезус работеше и во Фенербахче во Турција, како и во Фламенго во Бразил, со кого освои пет трофеи, вклучувајќи го и Копа Либертадорес.

Своите најголеми успеси во својата татковина ги постигна на клупата на Бенфика, која ја предводеше до три шампионски титули на Португалија, еден национален Куп, еден Суперкуп и пет трофеи од Лига Купот во својот прв мандат од 2009 до 2015 година. Играше и во две финалиња на Лигата на Европа со Бенфика.

Во 2015 година, тој привлече големо внимание кога се пресели од Бенфика во неговиот најголем ривал Спортинг Лисабон. Помина три сезони во Спортинг, освојувајќи го Лига купот и португалскиот Суперкуп пред да го напушти клубот во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот