Фото: ФК Работнички

Баже Јанакиевски е нов тренер на ФК Работнички

Фудбалскиот клуб Работнички објави дека нов шеф на стручниот штаб на екипата е Баже Јанакиевски.

Тој денеска означи старт на подготовките за новата сезона, а на располагање ќе има речиси комплетно реновиран тим кој ќе се обиде низ второлигашката сцена да се врати во елитата.

Јанакиевски претходно го водеше фудбалскиот клуб Башкими од Куманово.

Беше и на клупата на Локомотива, а беше асистент тренер во Работнички и Македонија ЃП.

Својот прв меч во новата второлигашка сезона, „романтичарите“ ќе го имаат на 15 август на домашен терен против ФК Кожуф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот