ВИДЕО | Панчев и Најдоски му честитаа на Гаштаров за продолжување на договорот со Црвена звезда
Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена звезда, откако стави потпис на нов тригодишен договор со белградскиот гигант.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Младиот фудбалер летово ги мина подготовките со првиот тим и со своите настапи успеа да го привлече вниманието на стручниот штаб, по што клубот реши да му укаже дополнителна доверба со нов договор.
По потпишувањето, Гаштаров доби и посебно изненадување од медија тимот на Црвена звезда. Преку видео-повик му честитаа две македонски легенди на клубот – Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои му посакаа успешна кариера, многу трофеи и што поскоро да се избори за место во првиот тим.
Панчев и Најдоски беа дел од славната генерација на Црвена звезда која во 1991 година ја освои европската и светската титула.
Гаштаров е член на белградскиот клуб веќе две години, а сезонава направи уште еден чекор напред кон сениорскиот состав. За време на летните подготовки се запиша и меѓу стрелците, дополнително потврдувајќи дека сериозно конкурира за место во првиот тим.


