Конор и Холовеј/УФЦ

Во ноќта која следи нема само фудбал, по пет години Мекрегор се враќа во УФЦ

По петгодишна пауза, Конор Мекгрегор се враќа во октагонот, а големото враќање ќе го има во главната борба против Макс Холовеј во Лас Вегас која според најавите треба да почне околу шест часот наутро.

Мекгрегор и Холовеј веќе имаат историја меѓу себе, но многу работи се променети откако првпат се соочија пред 13 години. Тогаш двајцата настапуваа во пониски категории, Холовеј беше млад борец кој допрва го градеше своето име, додека Ирецот беше во подем и почнуваше да го создава статусот на една од најголемите спортски ѕвезди.

Денес приказната е поинаква. Холовеј во меѓувреме стана поранешен шампион во перолесна категорија и се наметна како еден од најопасните борци и во лесната категорија. Мекгрегор, пак, долго време беше надвор од професионалните борби и од редовниот натпреварувачки ритам, а за камбекот избра исклучително тежок предизвик, дуел со актуелниот БМФ шампион Холовеј.

Сите официјални процедури пред борбата се завршени. На мерењето двајцата борци ја исполнија границата за велтер категоријата од 77 килограми, а потоа следуваше и традиционалното соочување пред фановите, кое помина во тензична атмосфера.

Целиот настан потсети на периодот кога Мекгрегор ја имаше својата најголема популарност и со својата харизма успеа да стане една од најголемите фигури во светот на боречките спортови. Неговото враќање дополнително ја зголемува еуфоријата за спортската ноќ која ќе понуди богат распоред.

Интересно е што ова значи дека пред нас е ноќ исполента со спорт како ретко кога, програмата ќе започне со фудбалскиот дуел меѓу Англија и Норвешка од 23:00 часот, а потоа следува пресметката меѓу Аргентина и Швајцарија од три часот наутро, па УФЦ спектаклот во Лас Вегас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот