Македонија У20/РФМ

Maкедонија поразена и од Данска на младинското ЕП

Македонската младинска ракометна репрезентација го претрпе и третиот пораз на Европското првенство за ракометари до 20 години, откако убедливо беше поразена од селекцијата на Данска со 34:20.

Данците уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и целосно ја контролираа играта. По првите 30 минути имаа сигурна предност од 15:8, а во второто полувреме продолжија со доминацијата и без проблеми ја заверија убедливата победа.

За македонските ракометари ова е трет неуспех на шампионатот, по претходните порази од Норвешка и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот