Фото: Screenshot

ВИДЕО | Норвешки навивач кој одби да „весла“ стана хит, објасни зошто не сака да го прави тоа

По победата на Норвешка над Бразил со 2:1 и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство, норвешките навивачи повторно ја приредија својата препознатлива прослава, таканареченото „викиншко веслање“, кое стана еден од највпечатливите навивачки симболи на шампионатот.

Додека илјадници навивачи синхронизирано ги имитираа движењата на веслање, еден човек привлече особено внимание бидејќи одби да учествува. Со сериозен израз на лицето, облечен во дресот на норвешката репрезентација, Емил Лапен мирно седеше меѓу еуфоричната толпа, а снимката брзо стана хит на социјалните мрежи.

Во разговор за „Скај“, Лапен објасни зошто решил да остане настрана од прославата.

„Мене тоа едноставно ми е многу глупаво. И ме нервира. Не сакав да учествувам во тоа. Многу наликува на прославата што ја имаа навивачите на Исланд“, рече Лапен.

Тој смета дека норвешката прослава е само изменета верзија на познатата исландска навивачка кореографија, која стана хит за време на Европското првенство во 2016 година, кога навивачите синхронизирано плескаа над главите и извикуваа „ху“.

„Тоа што движењата се малку поинакви не значи дека не е копија. На крајот реакцијата на луѓето е иста. Освен тоа, ме нервира и тврдењето дека Викинзите веслале преку Атлантикот. Тоа не е точно. Веслале по реките, а преку Атлантикот пловеле со едра. Сакав да испратам порака и мислам дека успеав во тоа“, изјави Лапен.

Ќе потсетиме, Норвешка вечерва ја очекува битката за полуфинале на Мундијалот во кој ќе играат против Англија во 23:00 часот по средноевропско време.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот