Бразилската инфлуенсерка Кауана Биљар - Фото: Инстаграм/kauanabilhar

Бразилска инфлуенсерка загина на 26-годишна возраст по пад од 27. кат во Дубаи

Бразилската инфлуенсерка Кауана Биљар починала на 26-годишна возраст откако паднала од 27. кат на облакодер во Дубаи, пишува „Пипл“.

Според бразилските медиуми, трагедијата се случила на 7 јули. Нејзиниот вујко изјавил дека Кауана, која последните две години живеела во Обединетите Арапски Емирати, паднала од балконот на својот стан. Надлежните органи сѐ уште ја истражуваат несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kauanabilhar

Нејзината мајка Дарла Биљар отпатувала во Дубаи за да ја следи истрагата и да ги заврши постапките за пренесување на телото во Бразил.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопштило дека внимателно го следи случајот и преку Амбасадата на Бразил во Абу Даби му обезбедува соодветна конзуларна помош на семејството.

Неколку дена по трагедијата, Дарла објавила видео на социјалните мрежи во кое, видно потресена, изјавила дека се наоѓа во најтешкиот период од својот живот. Таа нагласила дека решила јавно да се огласи бидејќи нејзината ќерка повеќе не може да се брани од, како што навела, обвинувањата, навредливите коментари и неоснованите приказни што почнале да се шират по нејзината смрт.

„Морам да гледам како се осудува, изложува и не се почитува споменот на мојата ќерка од луѓе кои воопшто не ја познаваа. Лесно е да се суди кога болката е туѓа. Тешко е да се замисли низ што поминува нашето семејство“, порачала Дарла.

Таа истакнала дека нејзината ќерка заслужува почит и дека оние што навистина ја познавале знаат каква личност била, какви соништа имала и колку била човечна.

Воедно, ги повикала медиумите за случајот да известуваат одговорно и достоинствено, а до јавноста упатила апел да не шири непроверени информации.

„До сите што шират гласини или изнесуваат мислења без да ги знаат фактите, имам само една порака – покажете сочувство. Денес е мојата ќерка, утре може да биде некој што го сакате“, порачала Дарла.

Позната мексиканска инфлуенсерка е пронајдена мртва во својот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот