Грозев постојано бил следен и сниман низ Европа - Фотографија Profimedia
Грозев постојано бил следен и сниман низ Европа - Фотографија Profimedia Christo Grozev, Helsinki, Finland - 26 Oct 2022,Image: 733311346, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Markku Ulander / Shutterstock Editorial / Profimedia

Бугарите Вања Габерова и Иван Стојанов што му местеа шпионска „медена стапица“ на новинарот Христо Грозев, се депортирани од Велика Британија

Велика Британија депортираше двајца Бугари обвинети дека шпионирале за Русија, објави „Факти.бг“.

Се работи за козметичарката Вања Габерова и за поранешниот борач познат под прекарот „карпата“ – Иван Стојанов. Нивен таргет бил новинарот Христо Грозев од „Белингкет“ за кого имало план или да го киднапираат или да го убијат.  Грозев на социјалната мрежа „Икс“ коментираше дека „посакува некој да се помачел и да ги информирал жртвите за одлуката“.

Габерова и Стојанов се дел од шестчлена група на бугарски државјани кои беа уапсени за шпионажа во полза на Русија. Лидер на групата се смета дека е Орлин Русев. Останатите тројца се Бисер Џамбазов, Катрин Иванова и Тихомир Иванчев.

Истрагата покажа дека Русев предводел шпионска ќелија, примал задолженија од Јан Марсалек, поранешен извршен директор на „Вајркард“ кој избега во Русија во 2020 година по банкротот на германската фирма.

Групата е обвинета дека шпионирала новинари, дисиденти, Украинци, воени локации, и за дискусии околу планирани напади. Габерова и Стојанов се осудени на 6 и на 5 години затворска казна, додека останатите добија меѓу 8 и 10 години. Но, двајцата откако отслужија половина од казната, беа депортирани во Бугарија.

Се чини дека Габерова и Стојанов се ослободени од затвор рано, пишува „Факти.бг“.

„Слободен печат“ веќе пишуваше како според Обвинителството, планот бил да му се постави „медена стапица“ на бугарскиот наградуван новинар Христо Грозев, па дури и да го грабнат, за да престане да пишува за разузнавачките активности на Русија. Првичниот план, според обвинителите, бил да се намами 64-годишниот новинар во врска со 30-годишната Вања Габерова, вработена во салон за убавина во Лондон која сега е депортирана.

Руски агент, бугарски шпион и фатална убавица во „медената стапица“ за новинарот Грозев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот