Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот

Комеморација за жртвите по повод 31-годишнината од геноцидот во Сребреница ќе се одржи денес во Меморијалниот центар Поточари, каде што ќе бидат погребани и посмртните останки на десет новоидентификувани жртви, објави „Данас“.

Најмладата жртва што ќе биде погребана денес е Сенад (Заим) Јусиќ, кој имал дваесет години во времето на смртта, додека најстариот е Рамо (Мустафа) Даутовиќ, роден во 1939 година, кој ќе биде погребан покрај својот брат Јусо.

Безбедноста за комеморативниот собир ќе ја обезбедат припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска (МВР РС), во соработка со полицијата и разузнавачките агенции на Босна и Херцеговина.

Досега, во Меморијалниот центар Поточари се погребани 6.772 жртви на геноцидот.

Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина трага по уште 900 жртви.

На комеморацијата во Поточари ѝ претходеше тридневниот „Марш на мирот“, во кој илјадници учесници од Босна и Херцеговина, регионот и бројни земји од целиот свет ја поминаа рутата што во јули 1995 година ја минаа илјадници жители на Сребреница, обидувајќи се да стигнат до територијата под контрола на Армијата на Република Босна и Херцеговина откако српските сили ја зазедоа Сребреница – зона заштитена од Обединетите нации (ОН).

Во четвртокот, во Генералното собрание на ОН во Њујорк се одржа комеморација по повод одбележувањето на 11 јули како Меѓународен ден за размислување и сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот