Tибо Куртоа/EPA/CHRISTOPHER TORRES

Куртоа: Можев да продолжам, селекторот одлучи да ме замени

Белгија го заврши настапот на Светското првенство по поразот од Шпанија со 2:1 во четвртфиналето, а многумина како причина за поразот ја гледаат повредата на Тибо Куртоа.

Искусниот чувар на мрежата беше заменет во 71. минута, откако почувствува болка при едно исфрлање на топката. Наместо него меѓу стативите застана Сене Ламенс, кој лошо реагираше при вториот гол кој го постигна Шпанија.

По натпреварот Куртоа откри дека веднаш го известил стручниот штаб за непријатноста што ја почувствувал, но нагласи дека можел да продолжи.

„Почувствував болка при исфрлање на топката. Му кажав на стручниот штаб дека имам болка, иако немав проблем да останам на голот. На крајот селекторот реши да ме повлече од игра. Не се лутам затоа што екипата е над сè“, изјави Куртоа по натпреварот.

ВИДЕО | Шпанија во финишот ја победи Белгија и се пласираше во полуфиналето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот