Фото: mkd.basketball

Македонските млади кошаркари стартуваа со триумф над Словачка на Европското првенство

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија со победа го отвори настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава.

Избраниците на селекторот Никола Велев го совладаа домаќинот Словачка со 71:63, обезбедувајќи одличен почеток и дополнителна самодоверба пред натпреварите кои следуваат во групата „А“.

По изедначениот почеток, во кој Словаците имаа минимална предност по првата четвртина (17:15), македонските кошаркари одиграа извонредни десет минути во вториот период. Со цврста одбрана, агресивен пристап и разновидна игра во нападот, нашата репрезентација целосно го презеде контролата врз натпреварот.

Предводник во тие моменти беше Коста Ќириловски, кој сите свои 15 поени ги постигна во првото полувреме и беше најзаслужен Македонија на големиот одмор да замине со убедлива предност од 41:28.

Македонија уште посилно го отвори второто полувреме. Со серија од 10:0 ја зголеми разликата на највисоки 51:28, изгледаше дека победникот е решен уште во третата четвртина.

Сепак, домаќинот не се предаде. Словачка возврати со серија од седум неодговорени поени, а до крајот на третата четвртина ја намали негативата на 54:46. На почетокот на последниот период противникот се доближи и на само пет поени (57:52), заканувајќи се дека може целосно да се врати во натпреварот.

Во клучните моменти Македонија повторно реагираше одлично. Амар Грбовиќ, Сергеј Младеновски и Атанасиј Трајанов реализираа важни поени за враќање на двоцифрената предност (64:52), а потоа Марко Луканоски со кош на помалку од три минути до крајот ги постави работите на свое место (66:52). До последниот звук на сирената македонските кошаркари сигурно ја зачуваа стекнатата предност и заслужено стигнаа до првиот триумф на шампионатот.

Најефикасен во македонскиот состав беше Коста Ќириловски со 15 поени, сите постигнати во првото полувреме. Марко Луканоски беше на чекор до „дабл-дабл“ учинок со 11 поени и девет скока, додека Давид Петрушевски натпреварот го заврши со 10 поени и пет скока.

Во натпреварот од првото коло во групата „А“, Шведска убедливо го совлада Азербејџан со 85:58, додека репрезентацијата на Ирска беше слободна. Македонија веќе в сабота ја очекува натпреварот од второто коло, во кој од 13.30 часот ќе се сретне токму со селекцијата на Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот