Каролина Мухова, финалистката на Вимблдон, откри дека е алергична на трева
Чехинката Каролина Мухова, која ја совлада Коко Гоф и се пласираше во финалето на Вимблдон, е алергична на трева.
Препорачано
„Верувале или не, да, алергична сум на трева“, призна Мухова по полуфиналниот меч, оставајќи ги новинарите во чудо. За тенисерка чии најголеми успеси се поврзани токму за терените на трева на Вимблдон, ова признание звучи речиси иронично. Нејзиното секојдневие за време на турнирот вклучува строг режим на лекови.
„Морам секој ден да земам многу таблети, спрејови и капки за очи“, објасни таа.
Алергијата на трева, чиј полен се шири со ветерот, е многу честа и може да предизвика низа симптоми – од кивање и затнат нос до алергиски конјунктивитис, односно црвенило, чешање и солзење на очите. Во професионалниот спорт, каде што дел од секундата и совршениот вид можат да бидат пресудни, ваквите симптоми можат да претставуваат сериозна пречка.
Победничка формула и покрај сè
Клучот за успехот, како што вели Мухова, е во комбинацијата од прилагодување, самодоверба и јасен тактички план.
„Ова е мојот најдобар резултат на трева, без сомнение. Верувам дека во моментов се чувствувам најудобно на оваа подлога, нешто што го барав многу години“, изјави таа.
Во финалето на Вимблдон, Мухова ќе игра против осум години помладата сонародничка Линда Носкова.
Мухова ја елиминираше Осака и стигна до полуфинале на Вимблдон


