Млада фудбалерка на ПАОК загина во тешка несреќа во Грција — камион за ѓубре удрил во нејзиниот мотор
Младата фудбалерка на ПАОК – Ана Марија Пантазони, загина во сообраќајна несреќа кога камион за собирање ѓубре удри во моторот на кој таа се возела со својот татко, кој пак помина без повреди, објави Прототема.
Препорачано
Очајниот татко за смртта на својата ќерка директно го обвини возачот на камионот.
„Ми го убија детето! Камионот за смет нè удри одзади“ изјави таткото на девојчето.
Тој додаде дека по судирот тој и Ана Марија биле отфрлени 15 метри подалеку.
„Се возев на мотор со ќерка ми кога еден камион удри во нас. Јас не сум повреден, немам ниту модринки, но ќерка ми загина. Нè удрија одзади, од правецот од кој доаѓаше камионот. Нè отфрли 15 метри напред. Потоа прегази преку ќерка ми. Веќе ништо не ми е важно. Ќерка ми нема да се врати. Се случи утрово во 11:15 часот“ рече таткото, пренесе „Прототема“.
Трагичната вест за смртта на младата фудбалерка ја објавија и од нејзиниот клуб ПАОК, од каде соопштија дека во знак на почит за прерано загинатото девојче го откажуваат утрешниот натпревар во Бугарија против Лудогорец.
ВИДЕО | Паника во авион од Солун — се скршил прозорец во кабината, повреден е патник


