Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук / илустрација

54-годишна скопјанка пријавила во полиција дека родителите не ја пуштаат да излезе од дома

54-годишна жителка на Скопје завчера пријавила во полиција дека нејзините родители, со кои живеела, не ја пуштале да го напушти домот, соопшти МВР.

„На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Истиот ден, во Скопје се забележани и други случаи на несогласувања и насилство во семејството. 58-годишен маж пријавил дека во домот во општината Аеродром бил физички нападнат од неговата 56-годишна сопруга, која подоцна и самата го пријавила него дека ја нападнал. Во Чаир, пак, насилник е уапсен откако ги тепал сопругата и трите деца, при што користел и тврди предмети.

„На 08.07.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Р.(56) од Скопје, по претходна пријава дека околу 17:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 47-годишна сопруга, неговите две ќерки и неговиот син, а употребил и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Охриѓанец голтнал пакетче со дрога и починал по бркотница со полицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот