Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT

„Жив е благодарение на Евреин“— израелски доктор му го спасил животот на Ердоган

Поранешен портпарол на големата израелска болница „Ичилов“ изјави дека израелски доктор испратен во Турција на барање на Мосад и со одобрение на премиерот Бенјамин Нетанјаху му го спасил животот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кога тој се разболел од рак, објави „Израел нешнал њуз“.

Ави Шушан, кој беше портпарол на Медицинскиот центар Сураски во Тел Авив (познат како болница Ичилов), го изнесе ова тврдење на израелската телевизија „Канал 14“, додека панелистите дискутираа за снимки од Ердоган на самитот на НАТО во Анкара.

Шушан тврдеше дека Ердоган сериозно се разболел пред околу шест или седум години и дека неименуван доктор од „Ичилов“ отпатувал во Турција „како претставник на Државата Израел, на барање на Мосад и со одобрение на премиерот Бенјамин Нетанјаху“.

Ердоган бил подложен на две цревни операции кон крајот на 2011 година и почетокот на 2012 година. Неговите лекари во тоа време рекоа дека отстраниле неканцерогени полипи, а самиот Ердоган ги негираше извештаите дека има рак.

Шушан рече дека израелските медиуми побарале потврда во времето на наводниот третман, но тој во тоа време одбил да коментира.

„Овој човек кој денес им се заканува на Евреите е жив и дише благодарение на Евреин, благодарение на Израелец, благодарение на Бенјамин Нетанјаху и благодарение на Давид Барнеа“, рече Шушан, осврнувајќи се на поранешниот директор на Мосад, чиј мандат заврши во јуни.

ВИДЕО: Ердоган можеби е премногу болен за да ја води Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот