Фото: EPA/CHRISTOPHER TORRES

ВИДЕО | Шпанија во финишот ја победи Белгија и се пласираше во полуфиналето

Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство по возбудливата и тешка победа од 2:1 над Белгија.

Видовме два сосема различни делови од првото полувреме. Затишје во првите 20 минути, а потоа целосна експлозија во второто полувреме.

Шпанија поведе со голот на Руиз во 30 минути, изгледаше како подобар тим и се чинеше поблиску до втор гол, а потоа еден блесок од Белгија и удар со глава од Де Кетеларе за израмнување. Тоа беше резултатот на полувремето – 1:1.

Шпанија продолжи да има поголем посед на топката и постојано ги притискаше своите ривали, додека Белгија чекаше шанса од контранапад.

Белгијците од 71 минута останаа без голманот Тибо Куртоа кој мораше да го напушти теренот поради повреда, а беше заменет од Сене Ламенс.

Кога изгледаше дека натпреварот ќе оди во продолжение, дојде решавачкиот момент. Во 88 минута, Кубарси шутираше сично од далечина, Ламенс лошо интервенираше и ја одби топката директно во ногата на Микел Мерино, кој рутински постигна гол за 2:1. Мерино втор натпревар по ред се покажува како „златна“ резерва од клупата, бидејќи неговиот гол беше одлучувачки и на натпреварот против Португалија.

Со овој триумф, Шпанија закажа полуфинален спектакл со француската репрезентација, која го победи Мароко претходниот ден. Полуфиналето е закажано за 14 јули во Арлингтон, Тексас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот