Пратеници Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.

За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година.

Вкупните расходи се проектирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемени за речиси 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти. Економскиот раст е проектиран на 3,5 отсто, инфлација на 4,5 проценти, а буџетски дефицит на 4,1 отсто од бруто домашниот производ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот