Фото: Profimedia

САД воведоа нови санкции за Иран

Поради тоа што Иран продолжи да напаѓа танкери во Ормутскиот Теснец, САД синоќа воведоа нови санкции кон оваа држава. Санкциите се кон главниот финансиер на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, како и кон уште 13 лица.

Првиот човек што ќе се соочи со санкциите од САД е иранскиот банкар и претприемач Али Ансари, кој има фирми во Дубаи. Претходно него го санкционираше и Велика Британија зашто ја финнасирал Иранската револуционерна гарда.

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при американското Министерство за финансии, исто така, таргетираше три менувачници со седиште во Иран и странски „параван компании“. Овие субјекти годишно префрлале трилиони долари во име на санкционирани ирански банки, служејќи како фиктивни организации за прикривање на нелегалните активности на владата.

САД преземаат решителни мерки за да ги прекинат финансиските врски што ја одржуваат владејачката елита на Иран. Таргетирајќи ги овие мрежи, САД директно ја нарушуваат способноста на режимот да пристапува до странска валута и да спроведува меѓународни финансиски активности, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот