ФОТО | Калиопи каква што ретко ја гледаме, фановите открија ретро приказна
Ретка слика од Калиопи споделија нејзините фанови на инстаграм-страницата „Калиопи засекогаш“, потсетувајќи на еден од највпечатливите периоди од нејзината кариера.
Препорачано
На фотографијата, Калиопи настапува со препознатливата кратка руса фризура, елегантен светол костим и бисерен накит, сценски изглед по кој многумина ја паметат од почетокот на 2000-тите години. Според нејзиниот имиџ и концертниот стил, фотографијата најверојатно потекнува од периодот кога го промовираше албумот „Не ми го земај времето“ и бележеше бројни успешни настапи низ Македонија и регионот.
Покрај фотографијата, фан-страницата објави и порака: „Постојат луѓе што не ја следат модата, туку создаваат безвременска елеганција. Со глас што допира до душата и присуство што остава трага, Калиопи е доказ дека вистинската уметност никогаш не избледува.“
View this post on Instagram
„Никогаш не сум ја третирала популарноста за повеќе значајна од уметноста. Веројатно од тие причини и сум се поштедила од непријатностите што една пренагласена популарност може да ги донесе со себе. Луѓето, медиумите повеќе ме третирале како уметник, се занимавале со есенцијата на моето битисување. Со други зборови, јас никогаш не сум се менувала за да им се допаднам на другите, не сум кокетирала со жанрови за да стекнам поголема популарност, туку секогаш сум била доследна на она во што верувам.
Никогаш не ме погодувале нечии заталкани негативни коментари, бидејќи разбирањето во мене е големо, а вербата уште поголема“, изјави Калиопи во едно интервју за „Слободен печат“.
Таа додаде дека не е воопшто поразлична од онаа што ја доживуваме јавно.
„Она што јавноста не го гледа е кога легнувам и се будам, со кого го пијам првото утринско кафе, кога решавам проблеми, кога им се радувам на малечките нешта, на моите најблиски, колку добро готвам… Но, сето ова ниту јас не можам да го знам за оние што ме сакаат и ги слушаат моите песни. На исто сме!“, додаде Калиопи.
ВИДЕО | „Кој ги уби нашите деца?“ – праша Игор Џамбазов и ја рецитираше „Крвава бајка“ на „Бубамара“


