Гугл пребарувач - Фото: pexels-shutter-speed

Светот истовремено бараше ист одговор — „Гугл“ собори историски рекорд

Интернет-пребарувачот „Гугл“ забележа најголем број пребарувања во својата историја за време на натпреварот меѓу Аргентина и Египет во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, соопшти повисокиот потпретседател на компанијата задолжен за знаење и информации, Ник Фокс, пренесува „Еуроњуз“.

Историскиот рекорд во бројот на пребарувања во секунда бил поставен веднаш по победничкиот погодок на аргентинската репрезентација, со кој актуелниот светски првак направи целосен пресврт и славеше со 3:2 против Египет.

„Фокс“ на социјалната мрежа Икс објави: „Пребарувањето на Гугл ги собори сите досегашни рекорди на користење“, а потпретседателот за развој на пребарувањето на „Гугл“, Роби Стајн, потврди дека истиот ден бил достигнат историски максимум во користењето на услугата.

И покрај рекордниот интерес, компанијата не објави конкретни бројки за вкупниот број пребарувања, ниту пак ја откри методологијата според која биле извршени мерењата.

Според американската деловна телевизија, најголемиот пораст на интересот бил забележан веднаш откако Енцо Фернандес го постигнал победничкиот гол во самиот финиш на натпреварот. Тоа предизвикало огромен бран пребарувања поврзани со дуелот, Лионел Меси и Светското првенство.

Ова, сепак, не е првпат големо фудбалско натпреварување да постави нов рекорд во користењето на пребарувачот. Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, претходно соопшти дека за време на финалето на Светското првенство во 2022 година меѓу Аргентина и Франција бил регистриран најголемиот интернет-сообраќај во историјата на пребарувањето во претходните 25 години.

Заборавете на класичното пребарување на „Гугл“ — ВИ ќе ви резервира хотели и ќе ви ги планира патувањата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот