Меган Маркл, принцот Хари со синот Арчи и ќерката Лилибет / Фото: Принтскрин / Инстаграм/Меган Маркл

Помирување на повидок? Принцот Хари и Меган Маркл ги одведоа децата во посета на кралот Чарлс

Принцот Хари и Меган Маркл, заедно со нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, ги посетиле кралот Чарлс и кралицата Камила. По многу шпекулации за односите на кралското семејство, Бакингемската палата ја потврди изненадувачката вест за оваа средба.

Децата на војводата и војвотката од Сасекс се сретнале со својот дедо, кралот Чарлс, за првпат по четири години, потврди Бакингемската палата за „Пејџ сикс“.

Маркл му се придружи на Хари во Велика Британија со принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), откако првично ги откажаа своите планови поради безбедносни причини.

Портпаролите накратко изјавија дека кралот и кралицата го примиле семејството во строга приватност во нивниот имот „Хајгроув хаус“. Семејството од четири члена се надева дека ќе отпатува и до гробот на принцезата Дијана во имотот „Алторп“ во Нортхемптоншир, Англија. Извори велат дека таткото и синот сакале да се сретнат оваа недела и дека кралот сакал да одвои време да се запознае со своите две млади внуци.

Додека принцот Хари и неговото семејство престојувале во Хајгроув, неговиот брат, принцот од Велс, присуствувал на добротворен натпревар по поло во Виндзор. Односот меѓу браќата останува затегнат и нема планови да се сретнат додека Хари и Меган се во Велика Британија.

Ова е првпат принцот Хари и Меган да бидат заедно во Велика Британија од 2022 година, кога присуствуваа на погребот на кралицата Елизабета. Принцот оттогаш патуваше сам во земјата и се сретна со својот татко за време на посетата минатиот септември.

Меган Маркл и децата ќе му се придружат на принцот Хари во Велика Британија и покрај поплаките за безбедноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот