Унај Симон/EPA/SCOTT STRAZZANTE

Белгија загуби, но прекина низа на Шпанија која почна на Мундијалот во Катар

Белгија вчера загуби од Шпанија, но ја прекина импресивната низа на голманот Унаи Симон, кој цели 650 минути не прими гол на натпреварите од Светското првенство. Сепак, тоа не беше доволно за позитивен резултат, бидејќи Шпанија славеше со 2:1 и обезбеди пласман во полуфиналето, каде што ќе се соочи со Франција.

Белгијците станаа првата репрезентација што успеа да ја затресе мрежата на „црвената фурија“ на овогодишниот Мундијал. Во 41. минута Шарл де Кетеларе му избега на Пау Кубарси и со удар со глава, по одличниот центаршут на Тимоти Кастањ, израмни на 1:1.

Со тој погодок беше прекината серијата на Шпанија од шест последователни натпревари без примен гол на светските првенства. И покрај тоа, избраниците на селекторот Де Ла Фуенте успеаја да стигнат до победата во финишот и да обезбедат место меѓу четирите најдобри селекции, каде што во вторник ги очекува пресметка со Франција.

Неверојатната серија на Симон започна на Светското првенство во Катар во 2022 година. Тогаш Шпанија одигра 0:0 против Мароко во осминафиналето, но беше елиминирана по изведувањето пенали.

На актуелниот Мундијал, Шпанците групната фаза ја отворија со реми без голови против Зеленортските Острови, а потоа нанижаа четири победи без да примат гол, сè до четвртфиналниот дуел со Белгија.

Симон претходно го надмина рекордот од 517 минути без примен гол, кој го држеше легендарниот италијански голман Валтер Зенга. Италијанецот го постави тој подвиг на Светското првенство во 1990 година, кога пет натпревари по ред ја зачува својата мрежа недопрена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот