Тибо Куртоа/фото: EPA-EFE/Dmitry Lovetsky

Куртоа нема да игра за Белгија цела година?

Белгискиот голман Тибо Куртоа не го доигра дуелот против Шпанија, кој неговата репрезентација го загуби со 2:1, откако беше заменет поради повреда. Сепак, искусниот чувар на мрежата по натпреварот изјави дека се чувствувал способен да продолжи, но дека селекторот одлучил поинаку.

По поразот, Куртоа откри дека размислува за привремено повлекување од националниот тим. Неговата намера е да направи едногодишна пауза од настапите за Белгија, а потоа повторно да му се стави на располагање на тимот за квалификациите за Европското првенство.

„Би сакал да паузирам една година од репрезентативните обврски, а потоа повторно да играм во квалификациите за Европското првенство. Но, не знам дали Белгија ќе прифати таков предлог“, изјави Куртоа.

ВИДЕО | Шпанија во финишот ја победи Белгија и се пласираше во полуфиналето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот