архивско фото: МИА

Уапсен словенечки државјанин кој го симнал знамето на Општина Прилеп од јарбол, а потоа го запалил

Државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако го симнал и запалил знамето на Општина Прилеп поставено пред општинската зграда, информираат од МВР.

Од Министерството информираат дека настанот се случил денеска, 01:05 часот по полноќ, кога полициски службеници го уапсиле 43-годишниот П.Ј. од Република Словенија.

Според пријавеното, тој го отстранил знамето на Општина Прилеп и потоа го запалил.

Од полицијата велат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот