Фото МВР на Албанија
Фото МВР на Албанија

Ламалари по апсењето на криминалците од „Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, денеска им честиташе на припадниците на албанската полиција и нивните македонски колеги и на американските партнери на Дипломатската безбедносна служба (ДСС) за успешно реализираната акција, во која беа уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, барани од македонските власти.

-Криминалот е послаб пред обединет фронт на агенции во земјата и странство и граѓани кои се дистанцираат и пријавуваат секоја незаконитост или опасно лице кое се обидува да профитира на нивна сметка и на штета на владеењето на правото, рече тој.

Додаде дека во меѓународната полициска операција, вчера, беа лишени од слобода М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

За акцијата објавија и албанското и македонското министерство, каде уште се наведува дека, при лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата.

Според албанската полиција уапсен бил и Џ. Р. (26) за сторени кривични дела „поддржување на сторител на кривично дело“ и „фалсификување исправа“, кој им обезбедил на двајцата уапсени фалсификувани лични исправи.

Вчера Министерството за внатрешни работи на Македонија информираше дека кај уапсените биле најдени фалсификувани документи со кои најверојатно избегале од Македонија.

ВИДЕО | Двајца криминалци од групата „Беланоца“ се уапсени во Албанија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот