Весна Јаневска - министерка за образование / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Можно е да се затворат универзитети и институти, вели министерката Јаневска

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата, за време на денешната посета на Охрид.

-На повеќе места има неправилности во работењето и ние се обидуваме тоа да го поправиме на секој можен начин. Во моментов, се уште работиме по пријава на одредени личности или група на наставници. Но, она што е добро, за разлика од минатото кога Агенцијата за квалитет на високото образование воопшто не функционираше, односно само доделуваа акредитации кои требаше и не требаше, проработе Агенцијата. Со оваа Влада, се разбира, и почнавме евалуации, рече Јаневска.

Според неа, првите евалуации кои се прават со странски експерти покажуваат во одредени универзитети добро работење, но во одредени универзитети ќе бидат одземени акредитациите.

-Но, има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме. Законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не поправуваат ќе бидат затварани. И тоа постепено се случува. Досега се затворени 18 институти и еден приватен факултет – висока стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор, ама пет-шест институти сигурно и правиме проверка или мониторниг во најмалку уште пет универзитети, изјави министерката за образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот