Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Ерлинг Халанд е вистинска интернет-ѕвезда — неговата стара рап-песна е хит на Светското првенство

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд деновиве е една од главните ѕвезди на Светското првенство, но вниманието на јавноста не го привлекува само со головите. На социјалните мрежи повторно стана вирална рап-песната „Kygo Jo“, која ја снимил пред десет години со своите пријатели.

Песната е создадена во 2016 година, кога Халанд имал 15 години. Ја снимил со тогашните соиграчи од норвешката репрезентација до 17 години, Ерик Ботхајм и Ерик Тобијас Сандберг, со кои ја формирале групата „Флоу кингз“. Халанд го користел уметничкото име Линг.

Во видеоспотот младиот фудбалер рапува додека се преправа дека подготвува скара, скока на трамбулина и позира на мал автомобил.

Необичните стихови, во кои се споменуваат скара, пари, шопинг на Бахамите и салата „Цезар“, дополнително ги забавуваа навивачите.

Песната доби нов живот откако норвешкиот диџеј Кајго објави хаус-ремикс, кој веќе е достапен на Спотифај. Кајго претходно ветил дека ќе го објави ремиксот доколку Халанд постигне гол против Бразил.

Напаѓачот постигна два гола во победата на Норвешка од 2:1, по што музичарот го исполни ветувањето.

„Поради фудбалот изгубивме музичар“, напиша еден обожавател, додека друг се пошегува дека професионалната фудбалска кариера била најдобриот маркетиншки трик за неговата песна.

Норвешка со победата над Бразил за првпат се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, каде што ќе игра против Англија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kygo (@kygomusic)

ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот