Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон - Фото: Victoria Jones / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО | Редок романтичен момент — Кејт го бакна принцот Вилијам по победата на поло-турнирот

Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, повторно го привлекоа вниманието на јавноста, овој пат на поло-турнирот „ДММИ Ројал Поло Куп“ во Виндзор, каде што британскиот престолонаследник славеше победа со својот тим, пренесува „Хелоу магазин“.

Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон – Фото: Victoria Jones / Shutterstock Editorial / Profimedia

По завршувањето на натпреварот, Кејт му го врачи победничкиот трофеј на својот сопруг, а честитката ја заокружи со бакнеж во двата образа. Таа го пречека со насмевка и аплауз додека се приближуваше да ја прими наградата. За оваа пригода избра црно-бел кариран фустан без ракави.

Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон – Фото: Victoria Jones / Shutterstock Editorial / Profimedia

Настанот беше еден од ретките официјални јавни појавувања на кои Вилијам и Кејт покажаа поголема блискост и опуштеност. Нивните нежни моменти брзо станаа тема во медиумите и на социјалните мрежи.

По церемонијата на доделување на трофејот, Кејт им се придружи на Вилијам и неговите соиграчи на победничкиот подиум во клубот „Гардс Поло“ во Виндзор, кој се наоѓа во близина на нивниот дом. Таа им врачи признанија и на судиите, а претходно натпреварот го следеше во друштво на членовите на тимот, меѓу кои беше и личниот воен помошник на принцот Вилијам, командантот на ескадрила Мајк Рејнолдс.

Поддршка на Вилијам му дадоа и членови на кралското семејство и нивни блиски пријатели, меѓу кои беа Питер Филипс и неговата сопруга Хариет, како и нејзината ќерка Џорџина.

Принцот Вилијам одигра четири чакери (делници од натпреварот што траат по седум и пол минути), заедно со поранешниот капитен на англиската репрезентација Марк Томлинсон и соиграчите Амр Зедан и Ајават Сривадханапраба. Нивниот тим триумфираше по шест одиграни периоди против екипите „Мирор“ и „Манта Марин“.

Ова беше 15. настап на принцот Вилијам на овој турнир, кој покрај спортскиот има и силен хуманитарен карактер. Се очекува годинашното издание да собере повеќе од 15 милиони фунти за добротворни организации што ги поддржуваат принцот и принцезата од Велс.

ФОТО | Ваков интимен момент не гледаме често — Кејт Мидлтон силно го прегрнува Вилијам, тука се и нивните три деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот