Македонија - Ирска/КФМ

Ирска подобра од македонските млади кошаркари на ЕП од Б-дивизијата

Македонската млада кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство од Б-дивизијата, откако загуби од селекцијата на Ирска со 69:56.

Ирците уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 20:13. Македонските кошаркари заиграа подобро во втората делница и успеаја да ја намалат негативата, па на полувремето резултатот изнесуваше 31:27 за Ирска.

Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина, во која Македонија постигна само пет поени. Таквиот пад во играта противникот максимално го искористи и пред последните десет минути стекна убедлива предност од 48:32.

Во завршницата се играше поефикасно на двете страни, но македонската селекција успеа само да го ублажи поразот и мечот заврши со конечни 69:56 во корист на Ирска.

Најефикасен во македонскиот состав беше Коста Ќириловски со 17 поени, пет скока и една асистенција, додека кај Ирска се истакна Виктор Окојие со дабл-дабл учинок од 24 поени, 10 скока и една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот