Кен Бејтс/Chelsea FC

Почина поранешен претседател на Челси, повеќе од две децении го водеше клубот

Поранешниот сопственик и претседател на Челси, Кен Бејтс, почина утрово во Монако на 94-годишна возраст, објави Челси. Според информациите, Бејтс починал мирно, опкружен со својата сопруга и семејството.

Од Челси со емотивна порака се простија од човекот кој 22 години беше на чело на клубот и одигра значајна улога во еден од најважните периоди од неговата историја.

„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на Кен Бејтс, поранешен сопственик и претседател на Фудбалскиот клуб Челси. Клубот изразува искрено сочувство до неговата сопруга Сузана, семејството и пријателите. Неговата решителност во борбата за Челси во тешките времиња и лидерството со кое клубот стигна до освојување трофеи никогаш нема да бидат заборавени“, соопштија од лондонскиот клуб.

Бејтс беше трет најдолговечен претседател во историјата на Челси. На чело на клубот помина 22 години, а во јавноста беше познат како харизматична, директна и често контроверзна личност, чии потези и ставови неретко предизвикуваа поделени мислења, дури и меѓу навивачите.

Еден од неговите најголеми придонеси беше зачувувањето на „Стемфорд Бриџ“ како дом на Челси. За време на неговото раководење, клубот се врати во англиската елита, а потоа освои два ФА купа, по еден Куп на победниците на куповите, Лига куп, УЕФА Суперкуп и Комјунити шилд. Во тој период Челси двапати го освои и Фул Мемберс купот, натпреварување во чие создавање учествуваше и самиот Бејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот