Фото: Икс

Новинарите на „Њујорк тајмс“ кои известуваа за проблемите со новиот „Ер форс 1“ повикани на суд

Министерството за правда во соопштение за Би-Би-Си соопшти дека истражува нелегално протекување на информации за националната безбедност.

Неколку новинари на „Њујорк тајмс“ добија судски покани по нивното известување за можни безбедносни проблеми со новиот претседателски авион „Ер форс ван“, објави денеска весникот.

ВИДЕО | Трамп го претстави новиот „Ер форс 1“: Овој авион е летечка Бела куќа со невидено ниво на луксуз

Новиот авион, подарен на американскиот претседател Доналд Трамп од Катар, влезе во употреба минатата недела.

Судските покани имаат за цел да ги принудат новинарите да сведочат пред федералната голема порота во Њујорк во среда, објави весникот, додавајќи дека федералните агенти доставиле дел од судските покани во домовите на новинарите.

„Појавата на федералните агенти за спроведување на законот на прагот на новинар треба да ја шокира совеста на секој Американец кој верува во Уставот и слободата на печатот што тој ја штити“, рече Дејвид МекКроу, адвокат на весникот.

Овој развој на настаните следи по неодамнешниот лет на Трамп со новиот авион на самитот на НАТО во Турција. Сепак, тој се врати со еден од постарите модели на авиони.

Ненадејната размена на авиони се случи откако пропадна кревкото примирје со Иран и САД започнаа воздушни напади врз Иран, додека Техеран нападна три арапски држави од Заливот.

Иран и Турција делат граница, што предизвика шпекулации дека авионот подарен од Катар – кој бил реновиран во вредност од 400 милиони долари – немал одредени софистицирани безбедносни системи.

Трамп ја напушти Турција со стариот авион од безбедносни причини

„Њујорк тајмс“ потоа објави дека промената е направена по наговор на Тајната служба, која го штити претседателот на САД. Весникот додаде дека на поновиот авион му недостасуваат некои од напредните безбедносни карактеристики што се наоѓаат кај постариот авион, вклучително и противракетните способности.

Министерството за правда во соопштение за Би-Би-Си соопшти дека истражува нелегално протекување на информации за националната безбедност.

Мекроу го нарече повикот „дрзок чин“ и „ништо повеќе од обид да се спречи јавноста да знае што се случува во нивната земја преку заплашување на новинарите да ја вршат својата работа“.

Во судските покани се вели дека сведочењето на новинарите е потребно „во врска со наводно кршење на федералниот кривичен закон“, објави „Тајмс“.

Американскиот весник се повикува на неименувани извори. Во тоа време, Трамп ги отфрли сите безбедносни загрижености, а за време на повратниот лет, тој лично им кажа на придружните новинари дека безбедносните загрижености во врска со Иран не биле фактор во одлуката за промена на авионите.

Белата куќа подоцна негираше постоење на какви било безбедносни недостатоци на новиот авион.

Според поканите, новинарите треба да се појават пред голема порота во Менхетен во среда, објави „Тајмс“. Големите пороти се составени од членови на јавноста и ги свикува американската влада за да испитаат докази и да одлучат дали има доволно за да се обвини некое или повеќе лица за кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот