Финансиски скандал во Аргентина – исчезнале 42 милиони евра од освоената светска титула во Катар?
Истражувачкиот новинар Ромен Молина објави сериозни обвинувања за наводни финансиски злоупотреби во Аргентинската фудбалска федерација поврзани со парите заработени по освојувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Препорачано
Според информациите што ги изнесе Молина, повеќе од 42 милиони евра од вкупно околу 300 милиони евра, колку што Аргентина наводно инкасирала по освојувањето на светската титула, биле префрлени на сметки на фиктивни компании.
Дополнителни сомнежи предизвикува и договорот што, според тврдењата на новинарот, бил потпишан само девет дена пред финалето против Франција. Со него, раководството на сојузот се обврзало 30 проценти од приходите од Светското првенство да ѝ ги отстапи на компанијата „TourProdEnter“.
🚨 BREAKING! 🤯
More than €42m of the €300m Argentina received after winning the 2022 World Cup was diverted to shell companies. 🇦🇷
A contract signed just 9 days BEFORE Argentina’s World Cup win vs France reportedly gave 30% of the AFA’s World Cup revenue to a company called… pic.twitter.com/4Fpn4wIRN7
— Polymarket FC (@PolymarketFC) July 11, 2026
Молина тврди дека оваа компанија нема никаква поврзаност со фудбалот или со спортот воопшто.
Најсериозниот дел од обвинувањата се однесува и на ФИФА. Според документите до кои дошол новинарот, средствата наводно биле префрлени директно на сметката на спорната компанија, наместо на официјалните сметки на Аргентинската фудбалска федерација.
Доколку овие тврдења се покажат како точни, случајот би можел да предизвика сериозни последици за претседателот, Клаудио „Чики“ Тапија. Засега нема официјална реакција од Аргентинската фудбалска федерација или од ФИФА во врска со објавените наводи.


