Охриѓанецот Чеди Осман направи сензационален трансфер и ќе игра во Еврокупот
Турскиот репрезентативец со потекло од Охрид, Чеди Осман, направи големо изненадување во европската кошарка и официјално го засили ПАОК. Солунскиот клуб реализираше спектакуларен трансфер за кој ќе одвои неколку милиони евра.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Триесет и едногодишниот кошаркар потпиша тригодишен договор со ПАОК вреден девет милиони евра нето, односно три милиони евра по сезона. Покрај платата на играчот, солунскиот клуб ќе му исплати и обештетување од два милиони евра на Панатинаикос.
ПАОК во новата сезона ќе настапува во Еврокупот, а со ангажманот на Осман добива сериозно засилување и еден од најпознатите европски кошаркари.
Осман, кој седум сезони настапуваше во НБА лигата за Кливленд и Сан Антонио, во 2024 година се врати на европската сцена. Минатата сезона имаше одлични настапи во дресот на Панатинаикос, каде во Евролигата просечно постигнуваше 12,9 поени, 3,5 скока и 1,2 асистенции по натпревар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


