Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Објавена снимка од починатиот Адамс – додека сите ја слават победата, тој седи сам на клупа

Јужна Африка денеска беше погодена од ненадејната смрт на 25-годишниот репрезентативец Џејден Адамс. Додека јавноста сè уште очекува официјална потврда за причината за неговата смрт, во дел од медиумите се појавија непотврдени информации дека трагедијата би можела да биде поврзана со борба со депресија.

Според истите наводи, само два дена пред натпреварот против Чешка на Светското првенство починала неговата баба. И покрај семејната трагедија, Адамс останал со репрезентацијата и бил на располагање на селекторот. Откако беше стартер на првиот натпревар, во преостанатите два дуела од групната фаза шанса доби како резерва.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се прошири видео кое привлече големо внимание. На снимката се гледа како репрезентативците на Јужна Африка ја прославуваат победата над Јужна Кореја, додека Адамс, облечен во дресот со број 23, седи сам на клупата. Дел од корисниците на социјалните мрежи ја поврзаа оваа снимка со непотврдените информации за неговата психичка состојба во тие моменти.

Трагедија во Јужна Африка – почина фудбалер кој настапи на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот