Аргентина без конкуренција, добила најмногу пенали на последните два мундијали
Аргентина е репрезентацијата во чија корист се досудени убедливо најмногу пенали на последните два Мундијали.
Препорачано
За време на походот кон светската титула во Катар, „гаучосите“ добија пет пенали, а на актуелното Светско првенство досега им се досудени уште три, со што вкупната бројка достигна осум.
На второто место е Англија, која во истиот период добила четири пенали, односно двојно помалку од Аргентина. Притоа, Англичаните одиграле и два натпревари помалку, бидејќи на Светското првенство во Катар беа елиминирани во четвртфиналето од Франција.
Третото место на оваа листа го делат актуелниот светски вицешампион Франција, како и Португалија и Бразил, со по три досудени пенали.
Интересно е што на годинашниот Мундијал значително е намалена успешноста при изведувањето пенали. Според статистиката, реализацијата од белата точка изнесува околу 65 проценти.
Како пример се наведува Лионел Меси, кој од трите досудени пенали за Аргентина на актуелното Светско првенство не реализираше два, на натпреварите против Австрија и Египет, додека единствениот гол од игра за Аргентина го постигна Лаутаро Мартинез во дуелот со Јордан.
ФОТО | Напаѓачот на Норвешка добива смртни закани затоа што не му додаде на Халанд


