Јури Тилеманс/Belgian Red Devils

Манчестер јунајтед на чекор од големо засилување, ќе плати над 40 милиони евра за капитенот на Белгија

Манчестер јунајтед го договори првото големо засилување во летниот преоден рок, откако постигна договор за трансферот на Јури Тилеманс, објави „Атлетик“.

Според информациите, агентите на белгискиот репрезентативец ги договориле сите детали околу неговиот трансфер од Астон Вила на „Олд Трафорд“, а англискиот гигант ќе плати 41 милион евра за неговите услуги.

Тилеманс е член на Астон вила од летото 2023 година, каде што беше еден од најважните играчи во тимот од Бирмингем. Во текот на својата кариера настапуваше и за Монако и Андерлехт.

Белгискиот фудбалер воедно е и капитен на својата репрезентација, која настапот на неодамнешното Светско првенство го заврши во четвртфиналето, по поразот од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот