Фото: EPA/JUSTIN LANE

Никогаш во историјата не сме виделе вакво полуфинале на Светското првенство

Познати се полуфиналните двојки на Светското фудбалско првенство, Франција – Шпанија и Аргентина – Англија. Овие четири репрезентации останаа во трката за титулата светски шампион, а со нивниот пласман е поставен преседан во историјата на натпреварувањето. За прв пат откако беа воведени ранг-листите на ФИФА на почетокот на 1990-тите, четирите најдобро рангирани репрезентации во светот се квалификуваа за полуфиналето: Франција на првото место, Аргентина на второто место, Шпанија на третото место и Англија на четвртото место.

Фавотитите го оправдуваат својот статус

Франција го обезбеди своето место меѓу четирите најдобри репрезентации со победата од 2:0 против Мароко, додека Шпанија ја победи Белгија со 2:1 во четвртфиналето благодарение на голот на Микел Мерино во 88 минута. На Англија ѝ беа потребни продолженија против Норвешка, а Џуд Белингам постигна два гола во триумфот од 2:1.

Актуелниот светски шампион, Аргентина, исто така помина по истиот пат, победувајќи ја Швајцарија со 3:1 по продолженијата. Головите за Аргентина во додатните 30 минути ги постигнаа Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез.

Франција и Шпанија ќе се сретнат во првото полуфинале. Натпреварот ќе се игра во вторник, 14 јули, во Далас, со почеток од 21.00 часот по македонско време. Еден ден подоцна, во истиот термин, Аргентина и Англија ќе се соочат во Атланта.

Ждрепката ги одвои до полуфиналето

Овој историски исход беше овозможен и од новиот систем на натпреварување на проширеното Светско првенство со 48 репрезентации. Имено, ждрепката ги смести четирите најдобри на ранг-листата на ФИФА во различни делови од костурот, така што, доколку го оправдаат својот статус на носител, не можеа да се сретнат пред полуфиналето.

Откако беа воведени ранг-листите на ФИФА во 1993 година, ваков вид состав на полуфиналните мечеви не се случил на ниту едно од претходните осум светски првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот