Иранците погодија брод и го затворија Ормускиот Теснец — САД возвратија со удар
Иран објави дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен „до понатамошно известување“ и дека ќе разгледа напади врз „дополнителни непријателски бази во регионот“ доколку биде изложен на нови напади.
САД го нападнаа Иран откако претходно Техеран изврши напад врз брод во Ормускиот Теснец, кој што предизвика пожар на контејнерски брод и го принуди неговиот екипаж да го напушти, пренесе Би-би-си.
Препорачано
Ормутскиот Теснец стана главна пречка во сите понатамошни преговори меѓу Иран и САД за траен крај на војната што започна на 28 февруари.
Пред почетокот на војната, околу една петтина од вкупната светска трговија со нафта и природен гас минуваше низ теснецот. Контролата на Иран врз областа за време на конфликтот доведе до глобална енергетска криза, иако цените на нафтата оттогаш значително паднаа од воениот врв од 120 долари за барел.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) објави дека нападите погодиле околу 140 цели, значително повеќе отколку во претходните два брана напади. Меѓу целите беа места за лансирање ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти.
„Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови што слободно минуваат низ теснецот“, соопшти ЦЕНТКОМ.
Новата размена на оган во Персискиот Залив се случи само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека привремениот договор во војната со Иран е „завршен“.
„Се надевам дека ќе ви недостигам“ — Трамп вели дека оставил инструкции во случај Иран да го убие
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, напиша на социјалните мрежи: „Иран донесе лоша одлука. Сега ја плаќа цената“.
Претседателот на иранскиот парламент и еден од главните преговарачи, Мохамед Багер Калибаф, одговори со објава на платформата X.
„Ерата на еднострани договори ЗАВРШИ. Ви кажавме: држете се до зборот или платете ја цената. Реалноста тропа на вратата“, напиша тој.
Експлозии во Катар
Обединетите Арапски Емирати го предупредија населението за претстоен напад со ракети и беспилотни летала, додека експлозии можеа да се слушнат во соседен Катар. Недолго по детонациите, во Катар беше огласена ракетна тревога. Катарската армија објави дека пресретнала дојдовни ирански ракети.
Во исто време, сирени се огласија и во Бахреин, островско кралство во Персискиот Залив, каде што се наоѓа базата на Петтата флота на американската морнарица. Кувајтската војска објави дека ги пресретнува дојдовните ракети.
Засегнатиот брод пловел по брегот на Оман
Во нападот во Ормускиот Теснец, контејнерски брод со кипарско знаме бил погоден од иранска ракета и претрпел „значителна штета во машинската просторија“, додека еден цивилен член на екипажот е исчезнат, објави ЦЕНТКОМ.
Британскиот центар за поморски трговски операции, кој работи под надзор на британската војска, објави дека бродот пловел по брегот на Оман. Токму ова е рутата што бродовите ја користеле за влез и излез од Персискиот Залив за да ги избегнат иранските територијални води. Екипажот го напуштил бродот додека бил во пламен, соопшти центарот.
Иранската паравоена Револуционерна гарда објави дека неколку бродови „ги игнорирале предупредувањата и упатствата да го корегираат курсот и да продолжат да пловат по одобрената рута“. Тие изјавија дека еден од нив бил „погоден од предупредувачки истрел и застанал“.
Иран објави дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен „до понатамошно известување“ и дека ќе разгледа напади врз „дополнителни непријателски бази во регионот“ доколку биде изложен на нови напади.
Состанок на шефовите на дипломатиите на Иран и Оман
Иранските државни медиуми објавија за американските напади врз неколку јужни провинции, вклучувајќи ги Бушер, Хормозган, Хузестан и Систан и Белуџистан. Тие не објавија веднаш податоци за штети или можни жртви.
Министрите за надворешни работи на Иран и Оман се состанаа еден ден претходно за да разговараат за Ормускиот Теснец, откако Иран и САД си разменуваат напади кои зададоа сериозен удар на привремениот договор за завршување на војната. Теснецот се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман, но долго време се сметаше за меѓународен воден пат.
Оман објави дека тој и Иран се согласиле да продолжат со разговорите за Ормускиот Теснец „на техничко и политичко ниво“. Сепак, Иран не даде никаква изјава дека теснецот ќе биде отворен за сите бродови, како што побара администрацијата на Доналд Трамп.
Врховниот лидер на Иран најави одмазда
Новиот врховен лидер на Иран, кој сè уште не се појавил во јавноста од почетокот на војната, во својата прва изјава по погребот на својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Иранците ќе се одмаздат за неговото убиство во првичните напади на 28 февруари.
„Таквата одмазда е волја на нашиот народ и сигурно мора да се спроведе“, рече врховниот лидер ајатолахот Мојтаба Хамнеи во изјава емитувана од државната телевизија.
Американските претставници, кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на ситуацијата, нагласија дека продолжувањето на нападот, дури и пред последниот бран напади, е резултат на дејствијата на група ирански тврдокорни кои, како што тврдат, се обидувале да го саботираат прекинот на огнот.
Сепак, Иран инсистира дека неговото теократско владеење е обединето под нов врховен лидер.
Ајатолахот Моџтаба Хамнеи се заколна на одмазда за убиството на неговиот татко


