Линдзи Греам / Фото: EPA/ALEX WROBLEWSKI

Почина сенаторот Линдзи Греам, еден од најголемите сојузници на Трамп

Американскиот сенатор Линдзи Греам, еден од најистакнатите сојузници на претседателот Доналд Трамп, почина на 71-годишна возраст, објави Би-би-си.

„Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, почина вчера „по кратка и ненадејна болест“, соопшти неговата канцеларија. „Семејството на сенаторот Греам им се заблагодарува на сите за нивните молитви и бара приватност во овој исклучително тежок период“, се вели во соопштението.

Според аудио снимките од полициските комуникации добиени од Ен-би-си њуз, службите за итни случаи реагирале во неговиот дом во Вашингтон синоќа по пријавите за „срцев удар“.

Сенаторот неодамна се вратил од Украина, каде што се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев во петокот. Тој денеска требаше да се појави во емисијата „Meet the Press“ на Ен-би-си њуз.

Греам пред три недели во интервју за Си-и-ес изјави дека ако пропадне договорот со Иран, Трамп ќе го преземе Ормускиот Теснец и ќе наплаќа.

Американски сенатор: Ако договорот пропадне, Трамп ќе го преземе Ормускиот Теснец и ќе наплаќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот