Лионел Меси/AFA - Selección Argentina

Аргентина ќе игра во темно син дрес против Англија, потсетник на славната 1986 година

Аргентина ќе настапи во темно син гостински дрес на полуфиналниот натпревар против Англија на Светското првенство, кој ќе се одигра в среда од 21:00 часот во Атланта.

Иако натпреварот се игра на неутрален терен, Англија е формален домаќин и ќе настапи во својата препознатлива бела гарнитура, додека аргентинската репрезентација, по специјално барање одобрено од ФИФА, ќе го носи темно синиот дрес.

Изборот веднаш потсети на четвртфиналето од Светското првенство во 1986 година, кога Аргентина во истиот дрес ја совлада Англија со головите на Диего Марадона. На тој натпревар легендарниот Аргентинец ги постигна прочуените голови „Божја рака“ и „Голот на векот“, кои останаа запишани во историјата на светскиот фудбал.

Аргентина и Англија досега петпати се сретнале на Светските првенства, а нивното ривалство е едно од најголемите во репрезентативниот фудбал. Освен спортската, пресметките меѓу двете селекции отсекогаш носеле и силна историска и емоционална симболика.

Полуфиналниот дуел во Атланта ќе биде ново поглавје во ова големо ривалство, а за аргентинските навивачи темно синиот дрес претставува дополнителен симбол на една од најславните победи во историјата на нивната репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот