Англичаните најизморени на Мундијалот: никој не патувал повеќе од нив
Светското првенство во САД, Канада и Мексико донесе големи логистички предизвици за сите репрезентации, но ниту една не помина толку километри како Англија. „Гордиот Албион“ е селекцијата што досега патувала најмногу на турнирот, прелетувајќи повеќе од 23.000 километри на патот до полуфиналето.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Избраниците на Томас Тухел имаа база во Канзас Сити, од каде што патуваа на натпреварите во Атланта, Бостон, Мексико Сити и Мајами. Пред нив е уште едно патување до Атланта, каде в среда ќе се соочат со Аргентина во борба за место во големото финале.
Покрај долгите патувања, Англичаните се соочија и со бројни проблеми за време на турнирот – кражба на опрема, торнадо, пукање во близина на хотелот, екстремни горештини во Мексико Сити и одложување на натпревар поради лоши временски услови.
Во споредба со останатите полуфиналисти, Англија има убедливо најголема километража. Шпанија досега поминала 19.862 километри, Аргентина 9.216, а Франција само 3.146 километри.
Долгите патувања не се непозната појава на Светските првенства, но според досегашните податоци, ниту една репрезентација во историјата на турнирот не поминала толку голема дистанца како Англија на овој Мундијал.
Аргентина ќе игра во темно син дрес против Англија, потсетник на славната 1986 година


