Фото: Општина Карпош

За два месеца, 30 граѓани во Карпош казнети со по 40 евра за фрлање кабаст отпад во контејнери

Инспекциските служби од Општина Карпош во мај и јуни спровеле акција за контрола на несоодветно одлагање на кабаст отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“, која се организирала како резултат на заклучоците од координативниот состанок одржан помеѓу Град Скопје и скопските општини.

Како што соопштија од Општината, за време на акцијата, дежурните инспекциските служби работеле во две смени и вршеле контроли на повеќе критични локации низ општината, кои претходно биле мапирани: кај „Македонска куќа“ во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“, кај последна 24-ка во Тафталиџе 2, кај Порта Влае, на улица „Лондонска“ во Тафталиџе 1 и во Жданец – Трнодол кај УЗ „Пецо Божиновски – Кочо“.

 Со присуството на инспекциските служби на теренот низ општина Карпош се овозможи навремено постапување, а во случаите во кои беше забележано неправилно постапување на одложениот отпад, на правните односно на физичките лица им беа изречени прекршочни мерки. Оттука, во текот на месец мај и јуни беа изречени околу 30 казни за граѓаните кои не се придржувале кон пропишаните правила. Самата постапка говори за позитивниот ефект и придонесот за подобрување на фактичката состојбата со регуларното одлагање на отпадот – информираа од Општината.

На прашањето до Општината колку инспектори имаат и како успеале да ги организираат во две смени оттаму објаснуваат дека инспекторите работеле од 7.30 до 15.30 часот и од 16 до 24 часот и дека биле организирани во три екипи во чиј состав имало еден инспектор и двајца комунални редари.

Во однос на висината на казните од Карпош велат дека согласно Законот за јавна чистота, санкционираните граѓани се казнети со по 40 евра.

ДУП на Карпош „падна“ на Уставен суд, не се почитувале законските рокови при неговото донесување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот