Махмуд Ахмадинеџад / Фото: EPA/BORIS VERGARA

Уапсен е поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е во домашен притвор по наредба на разузнавачката гранка на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), откако иранските власти наводно открија некои од неговите контакти со Израел, објавува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на четири високи ирански функционери.

Веста привлече дополнително внимание бидејќи во последните недели некои медиуми тврдеа дека Ахмадинеџад наводно е убиен во израелски напади врз Иран, во кои, според тие извештаи, убиен е и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад убиен во израелски воздушен напад

Сепак, според најновиот извештај на „Њујорк тајмс“, Ахмадинеџад е жив и е во домашен притвор.

Според обемната истрага на американскиот весник, Израел со години спроведува тајна операција со цел регрутирање на Ахмадинеџад како разузнавачки извор, а во подоцнежна фаза дури и инсталирање на него како нов лидер на Иран по евентуалниот пад на сегашниот режим.

Една од по невообичаените епизоди од оваа операција, се наведува во текстот, се случила на почетокот на 2024 година, кога висок унгарски функционер го замолил ректорот на Универзитетот за јавна администрација „Лудовик“ во Будимпешта, Гердгел Дели, да го покани Ахмадинеџад на конференција за климатските промени.

Дели тврди дека му било објаснето дека конференцијата всушност ќе послужи како покритие за тајни разговори меѓу Ахмадинеџад и израелската разузнавачка служба.

Иако, вели тој, бил загрижен за можните последици за угледот на универзитетот и за сопствениот углед, тој го прифатил предлогот.

„Ако имате двајца непријатели кои сакаат да разговараат, најдобро е да направите сè што можете за да ги натерате да разговараат“, рече Дели.

Поранешни американски функционери тврдат дека тогашниот директор на Мосад, Дејвид Барнеа, лично отпатувал во Будимпешта за да се сретне со Ахмадинеџад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот