Лабораторија / Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Епидемија на норовирус во Португалија, 122 заразени

Во Португалија избувна епидемија на норовирус, при што се заразени повеќе од сто луѓе, а се претпоставува дека епицентарот е спортски настан во градот Калдас да Рајна во централниот дел на земјата. Симптомите што помогнале во дијагностицирањето на болеста вклучуваат повраќање, дијареја, гадење, треска, болки во стомакот и главоболка, објави „Еуроњуз“.

Сè започнало минатата недела кога одделот за итни случаи во болницата во Калдас да Рајна згрижила повеќе од 60 лица со симптоми на гастроентеритис. Градскиот совет, според локалниот весник Jornal das Caldas, потврдил вкупно 122 случаи на инфекција откако ги добил резултатите од лабораториските тестови.

„Сите примероци од столицата испратени до Националниот институт за здравство д-р Рикардо Хорхе, беа позитивни на норовирус геногрупа II, што ја идентификуваше веројатната причина за епидемијата“, се вели во официјалното соопштение.

Поголемиот дел од случаите, околу 80, се поврзани со меѓународен турнир во младински фудбал организиран од „Футманија“ во општините Калдас да Рајна и Обидос од 24 јуни до 8 јули.

Јавните здравствени власти и Управата за безбедност и економија на храната (ASAE) спровеле тестови на кетеринг услугата што служела храна на турнирот, собирајќи примероци од храна и брисеви од површини. Сепак, не се пронајдени докази што ја поврзуваат услугата за кетеринг со изворот на инфекцијата. Истрагата за потеклото на епидемијата е во тек.

Норовирусот е една од најчестите причини за гастроентеритис и е многу заразен. Се шири од човек на човек, преку контакт со заразени предмети и површини и преку консумирање на контаминирана вода или храна, особено сурови школки и недоволно измиен зеленчук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот