ВИДЕО | Пожарите во Шпанија ја однесоа 13-тата жртва – Британка почина од повредите
Британка починала од повредите здобиени во шумските пожари што од четвртокот зафатија делови од шпанската југоисточна покраина Алмерија, со што бројот на загинати се искачи на 13, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Жената, на 93-годишна возраст, била меѓу осумтемина луѓе кои биле хоспитализирани по пожарот, од кои четворица со тешки повреди.
Регионалната влада на Андалузија соопшти дека жената, која имала претходни здравствени проблеми, била примена во ургентниот центар во раните утрински часови во петокот со изгореници на 20 отсто од телото.
Регионалниот шеф за итни случаи, Антонио Санз, изрази сочувство до семејството на жената и на другите загинати во еден од најсмртоносните шумски пожари во историјата на Шпанија, кој изгорел повеќе од 7.000 хектари во општината Лос Гаљардос.
At least 12 people killed, 6 injured in Los Gallardos, Spain wildfire, officials say. pic.twitter.com/2jO5ve6o8C
— AZ Intel (@AZ_Intel_) July 10, 2026
Одделот за податоци на шпанската форензичка служба, ЦИД, синоќа соопшти дека биле пријавени уште двајца исчезнати луѓе, откако започнал соработка со властите во Франција, Велика Британија и во Белгија за официјално регистрирање на случаите, со што вкупниот број исчезнати се искачил на 10.
ЦИД во соопштение наведе дека сега им овозможува на членовите на семејствата во странство да ги пријават своите блиски како исчезнати и да достават примероци од ДНК во нивните матични земји. Се очекува бројот на пријави да се зголеми во наредните денови.
Властите сè уште официјално не ги идентификувале загинатите, меѓу кои можеби има и некои од луѓето пријавени како исчезнати.
Белгиската влада соопшти дека верува оти меѓу жртвите од пожарите во Лос Гаљардос има тројца белгиски државјани.
Еден од нив бил 63-годишниот белгиски бизнисмен Станислас Вердонкт, чиј син, белгискиот вирусолог Томас-Волф Вердонкт, изјавил дека последен пат разговарал со татко му по телефон во четвртокот.
The deadly wildfire in southern Spain, centered near the town of Bédar in the province of Almería (Andalusia), is one of the country’s worst fire disasters in recent years.
At least 12 people have died, with authorities saying many of the victims are believed to be foreign… pic.twitter.com/ytE6HMvVHA
— Mighty News (@Mighty__News) July 12, 2026
Вердонкт за „Ројтерс“ изјавил дека неговиот татко и соседите не добиле никакво предупредување или совет од властите и решиле пеш да се обидат да избегаат кога пламените јазици речиси стигнале до нив.
Регионалната влада на Андалузија соопшти дека локалниот градоначалник на групата ѝ советувал да остане засолнета на местото каде што се наоѓала.
Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено, вчера напладне објави на социјалните мрежи дека пожарот бил ставен под контрола и дека периметарот е обезбеден.
Повеќе од 1.000 жители добиле дозвола да се вратат во своите домови во евакуираните села северно од Лос Гаљардос неколку часа подоцна.
Морено ги повика граѓаните да останат внимателни во текот на летото, посочувајќи дека во Андалузија, најнаселениот регион во Шпанија, во просек избувнуваат по 15 шумски пожари дневно, а понекогаш бројката достигнува и до 22.
ВИДЕО | Огнена стихија ја зафати Јужна Шпанија — најмалку 12 се загинати


