Згради станови / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Кој бега од Скопје? Градовите на Истокот стануваат сè поатрактивни за живот и работа

Од вкупниот број издадени дозволи, најголем дел се однесуваат на високоградба. За изградба на станбени и други објекти од високоградба се издадени 229 одобренија, што претставува 67,3 проценти од сите дозволи.

Источниот Регион станува нов центар на градежната активност во Македонија, покажуваат најновите податоци за издадените одобренија за градење. Додека Скопје сè почесто се соочува со високи цени на квадратот и заситен пазар, инвеститорите и купувачите сè повеќе внимание насочуваат кон источниот дел од земјата, каде се планира најголем број нови станови. Градежниот сектор во Македонија бележи забавување во мај 2026 година, но податоците откриваат интересен тренд – најголем дел од новата станбена изградба се насочува кон Источниот Регион. Во овој период се издадени вкупно 340 одобренија за градење, што е пад од 27,5 проценти во однос на истиот месец минатата година.

И покрај намалениот број дозволи, инвеститорите продолжуваат со значајни проекти. Вкупната предвидена вредност на објектите за кои се издадени дозволи достигнува 6,66 милијарди денари, односно околу 108 милиони евра. Сепак, вредноста е намалена за 15,2 проценти во споредба со мај 2025 година. Најголемиот дел од проектите се однесуваат на високоградба. Од вкупниот број дозволи, 229 се за високоградба, 22 за нискоградба, а 89 за реконструкција. Тоа покажува дека станбените и деловните објекти остануваат главен двигател на градежниот сектор.

Најголемото изненадување во новите податоци е распределбата на планираните станови. Од вкупно 840 нови станови што се предвидени за изградба во мај, најголем број се во Источниот Регион – 249 станови. Со тоа Истокот се најде пред Скопскиот Регион, каде се планирани 166 станови, што покажува дека градежниот фокус постепено се шири и надвор од главниот град.

Најголем дел од новите станови се двособни и трособни, што укажува дека инвеститорите се насочени кон потребите на семејствата и купувачите кои бараат практични станбени решенија. Иако физичките лица имаат повеќе издадени дозволи, најголемите инвестиции доаѓаат од компаниите. Од вкупно 340 одобренија 214 се за физички лица, а 126 се за деловни субјектиНо, финансиската разлика е значителна. Деловните субјекти стојат зад проекти вредни 5,31 милијарда денари, додека физичките лица инвестираат околу 1,35 милијарди денари. Ова покажува дека професионалните инвеститори и градежните компании и понатаму гледаат потенцијал во пазарот на недвижности, особено во регионите каде има простор за нова изградба.

Освен според бројот на нови станови, Источниот Регион е лидер и според бројот на издадени одобренија. Во мај таму се издадени 76 дозволи за градење, што е најмногу во државата. Најмалку активен е Североисточниот Регион, каде се издадени само 6 одобренија. Падот на бројот на дозволи покажува дека градежниот сектор минува низ период на забавување. Високите трошоци за материјали, каматните стапки и неизвесноста на пазарот влијаат врз инвестициските одлуки.

Но, истовремено, податоците покажуваат дека побарувачката за недвижности не исчезнува, само се менува насоката. Источниот Регион сè повеќе се наметнува како атрактивна алтернатива за живеење, благодарение на новите станбени проекти, понискиот притисок врз инфраструктурата и можноста за поквалитетен живот надвор од најоптоварените урбани центри.

Изнакупуваа станови, мислеа ќе ги издаваат, ама кому?

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот