Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Синер остана број еден, Ѓоковиќ напредуваше на АТП листата

Завршницата на Вимблдон донесе нови возбудувања и промени на светската тениска сцена. Новата АТП листа објавена денеска покажа дека тревнатата сезона остави сериозен белег врз поредокот, со промени во самиот врв и голема борба за позициите во Топ 10.

Јаник Синер и понатаму е неприкосновен на првата позиција. Италијанскиот тенисер го задржа тронот и моментално има убедливи 13.450 поени, со голема предност пред главните конкуренти.

Најголемата промена во горниот дел од листата ја направи Александар Зверев. Германецот со одличниот настап во изминатиот период додаде 1.290 поени и се искачи на второто место со 8.480 поени, со што го престигна Карлос Алкараз. Шпанецот загуби 1.300 поени и падна на третата позиција со 8.160 поени.

ВИДЕО | Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон

Во продолжение на листата, Феликс Оже-Алијасиме се искачи на четвртото место со 4.740 поени, додека Алекс де Минор напредуваше за една позиција и сега е петти со 4.110 поени.

Ѓоковиќ и покрај ограничениот распоред и помалиот број одиграни турнири, српскиот ас успеа да напредува за една позиција и сега е седми во светот со 3.760 поени. Особено впечатлив е фактот дека Ѓоковиќ е тенисерот со најмалку одиграни турнири меѓу најдобрите десет – само 16 настапи.

Борбата во долниот дел од Топ 10 е исклучително израмнета. Бен Шелтон е шести со 3.770 поени, само десет повеќе од Ѓоковиќ, додека зад Србинот се Данил Медведев со 3.670 и Флавио Коболи со 3.460 поени.

Последното место во елитното друштво му припаѓа на Тејлор Фриц. Американецот загуби 400 поени и падна за три позиции, па сега е десетти со 3.365 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот