Психијатриска болница „Бардовци“, Фото: Архива

Нема место во „Бардовци“ да се прими пациентот за кого семејството од Куманово бара да се лекува од алкохолизам, тврди директорот Иса Абдулаи

Директорот на психијатриската болница во Бардовци Иса Абдулаи за „Слободен печат“ вели дека не може да го хоспитализира пациентот за кого семејството преку Инстаграм видео бара помош да биде лекуван од алкохолизам,  зашто од 1 мај се реновира ургентното одделение во болницата и реновирањето ќе трае до крајот на август. Вчера, според неговите зборови му се јавил и некој од Владата, да побара хоспитализација за истиот човек, ама директорот одговорил негативно, бидејќи навистина нема слободно место за нови хоспитализации, а според тоа што ни го кажа – пациентот треба да биде примен или во Психијатриската болница на терциерно ниво во Клинички центар „Мајка Тереза“ или во „Демир Хисар“.

Како што објавивме претходно, девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил, во видео порака бара институциите на системот да ѝ помогнат да биде хоспитализиран нејзиниот татко кој има дијагноза дека е алкохоличар. Тој вчера бил пријавен во полиција затоа што на мајката на девојката и негова сопруга, ѝ се заканил дека ќе ја убие, но таа имала тавче со врело масло од пржење јајца како штит и така се одбранила.

Потоа бил пријавен во полиција, од каде бил пренесен во психијатриското одделение во кумановската болница каде и сега се наоѓа. Но, од оваа болница на семејството му кажале дека утре ќе го пуштат дома, дека најмногу можат да го хоспитализираат 48 часа, а кога се јавиле во Бардовци, од таму им кажале дека нема место бидејќи се реновира оддел.

Сопругата на човекот, во разговор за „Слободен печат“ рече дека тој претходно успешно бил излекуван од алкохолизам дека 6 години бил „чист“ и дека сака да ѝ биде помогнато повторно да го изоди тој пат каде ќе му се понуди институционална помош на нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца. Според неа, кога ќе се напие човекот е агресивен, исфрла работи од шкафот, вика, а под дејство на алкохол се појавил и во болница каде зимоска било лекувано нивното помало дете.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“ човекот има решение за упатување во психијатриска болница Бардовци, но таму немало место. Во болницата „Демир Хисар“ исто така според сопругата, немало да го примат човекот на лекување. Народниот правобранител при контрола во психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025 година затекнал околу 20 осудени лица кои, според утврденото, не страдаат од психички заболувања, туку се здрави и пресметливи лица упатени на лекување наместо на издржување затворска казна, со сомнежи дека психијатри им издале лажни вештачења за да куртулат од затвор.

Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи за расчистување на истиот. По консултација со Основно јавно обвинителство и други надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово, велат од МВР за „Слободен печат“.

ВИДЕО | Девојка од Куманово на Инстаграм бара помош зашто ниедна психијатриска установа не го хоспитализира татко ѝ кој е насилен алкохоличар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот