Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

ГАЛЕРИЈА | Александар и Мартина се венчаа на Галичка свадба – зурли, тапани и македонски традиционални обичаи

Галичник и годинава беше домаќин на една од најпрепознатливите македонски културни манифестации – Галичката свадба, на која младенци беа Александар Пендароски (34) и Мартина Михајлова (30) од Скопје. Пред членовите на своите семејства, бројни гости и неколку стотини учесници облечени во автентични народни носии, тие го кажаа судбоносното „да“ во црквата „Св. Петар и Павле“.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

Изборот на младоженецот има и силна симболика. Александар е со галичко потекло, а неговите родители биле првиот брачен пар на обновената Галичка свадба, која повторно почна да се одржува во 1991 година.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

Дводневната манифестација започна со поставување и китење на свадбарскиот бајрак, по што следуваше традиционалното испукување на три пушки од домот на зетот. Во продолжение, семејството на младоженецот, придружувано од зурли и тапани, се упати кон селскиот мост, каде што свекрвата го поведе свекрвиното оро.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

Пред селската чешма беа изведени и препознатливите „Невестинско“ и „Тешкото“, ора што претставуваат симбол на истрајноста, достоинството и непокорот. Првиот ден заврши со обичајот „одење по вода“, кога невестата, со покриено лице, придружувана од свадбарите, полни вода од три селски чешми.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

Вториот ден започна со адетот „канење на мртвите“, при што младоженецот, заедно со свадбарите, ги посети гробовите на починатите во селото, а потоа се упатија во домот на кумот за официјално да го поканат на свадбата.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

Следуваше традиционалното бричење на зетот, по што свадбарите заминаа по невестата. Таа, според вековниот обичај, од прозорецот преку прстен го погледна својот иден сопруг, изговарајќи ги зборовите: „Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам“.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

По дарувањето од свекрвата и традиционалното бакнување на нејзините раце од страна на невестата, беше изведен и обичајот на сеење брашно среде селото. Потоа Александар и Мартина се упатија кон храмот „Св. Петар и Павле“, каде што го склучија црковниот брак.

Галичка свадба 2026 / Фото: Слободен печат

По венчавката, прославата продолжи низ улиците на Галичник со традиционални ора, зурли и тапани, со што уште еднаш беа оживеани богатите свадбени обичаи што повеќе од еден век претставуваат значаен дел од македонското нематеријално културно наследство. Завршницата на годинашната Галичка свадба ќе биде одбележана доцна вечерва, со последните свадбарски обичаи и свеченото затворање на манифеста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот