„Супер Ел Нињо“ може да предизвика нов глобален ценовен шок на храната

„Супер Ел Нињо“ што се очекува да се развие оваа година би можел значително да ги зголеми глобалните цени на храната и да ги продолжи инфлаторните притисоци сè до 2028 година, предупредуваат економисти, објави Гардијан. Според весникот, светот се соочува со истовремен удар од екстремни временски услови и геополитички тензии, при што војната во Иран дополнително ги зголемува цените на храната, енергијата и ѓубривата. Аналитичарите оценуваат дека климатските промени и силниот Ел Нињо би можеле дополнително да ги нарушат синџирите на снабдување.

Американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) проценува дека постои 63 проценти веројатност температурите на површината на Тихиот Океан да надминат два Целзиусови степени над просекот, што го зголемува ризикот од суши, поплави и екстремни временски појави во повеќе региони.

Како што наведува Гардијан, аналитичарите на „Голдман Сакс“ проценуваат дека ваквото сценарио би можело да предизвика раст од околу 15,8 проценти на глобалните цени на храната, додека во еврозоната цените на прехранбените производи би можеле да се зголемат за околу 1,3 проценти. Поради циклусите на производство и берба, целосниот ефект врз пазарите би можел да се почувствува дури во втората половина на 2028 година.

Весникот посочува дека Ел Нињо веќе влијае врз земјоделството во некои делови од светот. Во Индија, монсунските дождови се значително послаби од вообичаено, што може да ја намали понудата на пченица, ориз и шеќерна трска, додека во други региони се очекуваат суши или поплави што ќе влијаат врз земјоделското производство.

Според Гардијан, најголем товар од евентуалниот нов раст на цените би можеле да почувствуваат земјите со пониски приходи, кои веќе се соочуваат со последиците од поскапувањето на храната и енергенсите.

Има нешто гнило во увезената храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот